ФОТО/ВИДЕО | ТОТАЛЕН ХАОС ВО МОСКВА – По нападот со дронови на руската престолнина гласноговорникот на Владимир Путин и неговиот ‘готвач’ бесни по функционерите: “Извадете ги тие ѓубриња од канцелариите!“

Откако во вторникот Москва беше нападната со беспилотни летала, на социјалните мрежи се појавуваат гневни реакции на руските ултранационалисти, про-Кремљ пропагандисти и воени лидери. 

Во нападот беа погодени неколку згради, со помали штети и без сериозни повредени, како што соопшти рано утрото градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Не му требаше долго време за да се огласи најпознатиот про-Кремљ и провоен пропагандист, ТВ водителот Владимир Соловјов, кој, се чини, кажа дека – „колку побрзо луѓето во руските градови сфатат дека нивната земја се бори против НАТО, толку побрзо Русија ќе победи во војна“. 

Тоа треба да биде јасно. Момци, ова е сериозно“, нагласи тој.

Тој повика и на „демолирање“ на украинските градови – Киев, Одеса, Днепар, Лавов и Ивано-Франковск.

На социјалните мрежи се појави видео од првиот човек на озлогласената платеничка група ВагнерЕвгениј Пригожин, кој луто го коментираше нападот на Москва и уште еднаш се нафрли на военото раководство, односно Министерството за одбрана на Русија.

Гледајте суштества, што правите, вие сте говеда. Извадете го ѓубрето од канцелариите. Вие сте назначени да ја браните оваа држава… Вие сте Министерство за одбрана! Зошто по ѓаволите ги пуштате тие дронови да летаат над Москва ?“, вели Евгениј Пригожин во својата аудио-порака и додава: „Многупати предупредував за ова, но никој не сакаше да слуша“.

Инаку, каналот на социјалната мрежа Телеграм, Baza, кој има добри извори во руските безбедносни служби, објави дека Москва била нападната со околу 25 дронови. Руските медиуми цитираа неидентификуван извор од Министерството за внатрешни работи на Русија дека се соборени повеќе од 10 дронови.

Министерството за одбрана на Русија, пак, соопшти дека сите беспилотни летата биле уништени при приближувањето кон главниот град на Русија. Наведоа и дека беспилотните летала ги испратил Киев.

Портпаролот на КремљДмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се сретнал со претставници на Кремљ по наводниот напад. 

Работниот ден на Владимир Путин започна многу рано и тој добиваше информации директно од агенциите за спроведување на законот, Министерството за вонредни ситуации, градоначалникот на Москва и гувернерот на областа“, ​​изјавил Димитриј Песков, објавија странските медиуми.

Сите работеа како што треба. Системот за противвоздушна одбрана исто така работеше добро. Очигледно, овде зборуваме за одговорот на режимот во Киев на нашите многу ефективни удари врз еден од центрите за одлучување. Неделниот удар“, додал тој во брифингот со новинарите.

Димитриј Песков исто така кажал дека не може да коментира од каде биле лансирани беспилотните летала и која била целта. 

Единственото нешто што можам да кажам е дека тоа беше очигледно напад на режимот во Киев“, нагласил тој.

Украина негираше директна вмешаност во нападот на руската престолнина. 

Се разбира, уживаме да гледаме и да го предвидуваме зголемувањето на нападите. Но, се разбира, немаме ништо директно со тоа“, изјави Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Јутјуб каналот на Breakfast Show.

ВагнервојнаДимитриј ПесковЕвгениј ПригожинМихајло ПодољакМоскваРусијаСергеј СобјанинУкраина