Семејството на познатиот Дејвид Бекам на социјалните мрежи веќе се пофали дека летува во Хрватска, а се видени и во друштво на семејството на Хрватот Лука Модриќ.
Кога медиумите објавија дека Дејвид Бекам се дружи со Лука Модриќ во Шипан, шпанските медиуми пишуваа дека можеби станува збор за деловна средба.
„Лука Модриќ ќе му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами ?“, напиша угледниот шпански весник As.
И покрај шпекулациите, темите на разговорот меѓу Дејвид Бекам и Лука Модриќ се непознати.
Сега Викторија Бекам (49 г.) се прости од летото односно од одморот во Хрватска со објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа позираше со зајдисонце на камен ѕид, а беше облечена во тексас шорц и темно сина маичка на едно рамо, со коса во ниско опавче. Потоа, таа го сними својот сопруг Дејвид Бекам како прави склекови на истиот ѕид додека зајдисонцето и Јадранското море се во позадина.
„Последниот ден од летото. Те сакам Дејвид Бекам“, напиша таа во описот на објавата.