ФОТО | Вини Харлоу, модел кој има витилиго, собра комплименти за својот изглед

Вини Харлоу, модел кој има витилиго, собра комплименти за својот изглед на забавата организирана од магазинот „Вог“ во Лондон.

Таа за оваа пригода носеше тесен фустан, наметка, долги ракавици и штикли. Изгледот го комплетираше со едноставна шминка и накит.

„Изгледате уште попрекрасно со кратка коса. Совршено ви стои“, „Дефинитивно сте модел број еден“, „Кратката коса совршено ја истакнува убавината на вашето лице“, се дел од комплиментите што ги доби на социјалните мрежи.

На Вини и беше дијагностицирано витилиго кога имала четири години. Витилиго е стекната ограничена депигментација на кожата која има тенденција да се шири и често се јавува со други болести.

Како мало девојче, манекенката била малтретирана од други деца, нарекувајќи ја со погрдни имиња поради нејзиниот изглед. Поради ова го напуштила средното училиште, а признала дека размислувала за самоубиство.

Соработувала со многу брендови, меѓу кои: Fendi, Marc Jacobs, Tommy Hilfiger, Desigual, Diesel, Swarovski, Steve Madden, Nike, Puma, MAC и Victoria’s Secret.