ФОТО | ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ НА ЗЕМЈАТА – Погледнете ја најголемата евакуација од пожар во историјата на Грција – островот Родос ‘изгорен’: “Ќе биде уште полошо!“

Германската туристичка агенција и авиокомпанија TUI Group и британската нискобуџетна авиокомпанија Jet2.com ги откажаа сите летови до грчкиот остров Родос, каде пожарите беснеат веќе петти ден. 

Според Daily Mail, евакуацијата на луѓето на Родос ќе биде најголемата евакуација поради опасност од пожар во историјата на Грција.

Jet2.com соопшти дека ќе ги испрати своите авиони на Родос без патници за да можат да учествуваат во евакуацијата. Компанијата вели дека нема да организира нови летови барем до среда, а TUI Group соопшти дека ги откажала сите туристички патувања што требаше да се организираат до вторник, 25. јули. Jet2.com соопшти дека ќе им ги врати парите на сите чии одмори биле уништени од пожарите во Грција.

Во исто време авио-компаниите EasyJet и Ryanair соопштија дека нивните авиони почнуваат да летаат кон Грција.

Фактот дека авионите полни со британски туристи се упатија кон Родос налути многумина, па илјадници сега се во импровизирани кампови кои чекаат да бидат евакуирани од островот.

Веста доаѓа откако грчките пожарникари соопштија дека опасната ситуација на Родос може да се влоши во недела.

Грција соопшти дека опасноста од големи пожари се заканува на периферијата на Атика, островот Евбеја, префектурата Беотија, префектурата Коринт, префектурата Елис, префектурата Арголис, префектурата Месанија и островот Родос.

Во гаснењето на пожарот на Родос се вклучени околу 200 пожарникари, 40 противпожарни возила, три авиони и пет хеликоптери. Во Грција треба да пристигнат и пожарникари од осум други земји од Европската унија, а помош во Република Грција ќе испратат и Израел, Јордан и Турција.

Ветровите и огнениот фронт од девет километри од центарот на островот до источните плажи создадоа екстремни услови“, изјави портпаролот на противпожарната служба Василис Вартакојанис и додаде: „Ова не е пожар што ќе се изгасне утре или денот после утре. Мора да се справиме со тоа со денови“.

Во моментов се води битка за гаснење на пожарите во Лаермон и Лардос. Во внатрешноста на островот пожарот стигнал до градот Лаерма каде горат куќи и црква.

Министерството за климатски промени и цивилна заштита на Грција соопшти дека евакуацијата од пожарот била најголемата евакуација од пожар во историјата на Грција. Според Владата на Република Грција, поради пожарот досега се евакуирани или пренасочени 19 илјади луѓе. Од тие 19.000, 16.000 биле евакуирани по копно, а 3.000 по море.

Претходно медиумите објавија дека властите на грчкиот остров Родос до недела наутро евакуирале околу 30.000 жители на островот и туристи кои дошле да го посетат.

Во евакуацијата учествуваат локалните власти, крајбрежната стража и Армијата. Дел од евакуираните туристи се сместени на три фериботи закотвени во пристаништето Родос.

Бидејќи пожарот ги проголтува одморалиштата, спортските сали, училиштата и хотелите кои се далеку од местото на пожарот се претворени во прифатни центри. Илјадници туристи чекаат евакуација на душеци и перници. Некои се во затворени простории без клима уред, а некои се дури и на отворено. Локалното население им носи душеци, вода и оброци на настраданите.

Метеоролозите велат дека топлотниот бран ќе стивне во понеделник, но дека во вторник повторно ќе биде топло и така ќе остане најмалку до петок.

ГрцијапожарРодос