Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон се обрати пред извршниот комитет на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар.
Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на внатрешните состојби во Македонија, како и поширокиот контекст околу државата.
Ѓорчев истакна дека Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи, не загрозувајќи никого. За жал, Македонија и македонскиот народ во 21-от век се соочени со оспорување и негирање на идентитетот и посебноста.
Во поглед на домашната политика, Ѓорчев нагласи дека Македонија се соочува со економска катастрофа и егзодус на населението, проследени со огромна корупција и секојдневни скандали.
Ѓорчев додаде дека ВМРО-ДПМНЕ води на сите релевантни анкети, а дека се очекува убедлива победа на следните парламентарни избори и составување на следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓународната демократска унија (ИДУ) е најголемата глобална организација на десниот центар, со повеќе од 100 сестрински партии од целиот свет.
СООПШТЕНИЕ – Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ