ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ денеска посети повеќе населени места во Пехчево, Крушево, Ранковце и Лозово.
Кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ во општина Лозово, ги посети населените места Милино, Дорфулија и Каратманово. Тој посочи дека луѓето секојдневно се соочуваат со егзистенционални проблеми.
„Имаат проблем со магитрален канал и водата за наводнување, имаат проблем со основниот продукт, водата од хидросистемот Злетова и имаат проблем со откупот на грозјето. Власта нема слух за овие граѓани“, истакна Мицевски.
Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, во рамки на акцијата ги посети населените места Црник и Панчарево во Општина Пехчево, од каде порача дека од СДСМ ветуваа живот, а донесоа сиромаштија, без парица и национални понижувања.
„Во историјата Македонија трпела неправди, делење, грабежи меѓутоа никогаш не била понижена како што тоа е денеска, односно од внатре. Власта и должи објаснување на македонската јавност, дали онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“, кажа Ковачки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ за посета на населени места и средби со граѓани, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов заедно со неговиот тим денеска беше во Крушево, каде што ги посетија населените места Алданци, Борино, Норово, Саздево и Јакреново.
„А, пак младите луѓе велат дека живеат во заборавени места од државата, бидејќи со месеци и години се молат да се прошири едно основно училиште во овие населени места, да се изгради некаква спортска сала или било каков објект кој што ќе им биде од корист на младите луѓе. Младите луѓе од овие населени места мораат да патуваат и за да одат во школо, и за да се рекреираат, и за да имаат било каква спортска активност“, рекол Попов, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, ги посети населените места Псача, Петралица и Гиновци, во Општина Ранковце.