Штотуку ја заврши кариерата како професионален фудбалер, Златан Ибрахимовиќ најде нов начин да остане во форма.
Судејќи по фотографијата која Швеѓанецот ја објави на социјалните мрежи, тој е во одлични односи со еден од најдобрите ММА борци во полусредна категорија Хамзат Чимаев.
ММА борецот е роден во Чеченија, има 29 години, а прекарот му е „Борц“, што на чеченски јазик значи „волк“, а добор е познато и дека Златан Ибрахимовиќ го користеше тој прекар своевремено.
„Волкот не настапува во циркус“, стои во описот на објавата на Златан Ибрахимовиќ.