Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека дека телефонски разговарал со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во врска со деблокирањето на Црноморскиот коридор за жито.
„Со г. Јенс Столтенберг ги идентификувавме приоритетните и идните неопходни чекори за деблокирање и трајно функционирање на коридорот за жито во Црното Море“, наведува Володимир Зеленски во кратката објава на социјалната мрежа Твитер.