Германската асоцијација на фармери и нејзините регионални организации повикаа на денешните големи демонстрации против намалувањето на субвенциите што ги воведе федералната Влада на канцеларот Олаф Шолц.
Медиумите објавија дека од синоќа се очекува да пристигнат илјадници учесници на протестот во главниот град на Германија.
Се наведува дека овие демонстрации ќе бидат врв на бранот протести на земјоделците што се одржаа во таа земја претходните денови.
Медиумите наведуваат дека поради демонстрациите на земјоделците постои ризик од сообраќаен хаос во Берлин и целиот регион.
Соопштено е дека берлинската полиција синоќа соопштила дека центарот на градот ќе биде затворен за земјоделски возила бидејќи областа на централните улици е веќе полна со трактори.
Најголемите земјоделски протести во германската историја започнаа минатиот понеделник кога практично немаше дел од земјата што функционира нормално, бидејќи илјадници трактори излегоа на патиштата.
Знамињата на поранешната Германска Демократска Република (ГДР) беа видени и пред „Бранденбуршката Порта“ во Берлин во колона земјоделски возила што ја блокираа, а имаше и барања да се распишат валидни избори.
Германската Влада тогаш најави дека нема да има промени во однос на постепеното укинување на земјоделските субвенции, а портпаролот на канцеларот Олаф Шолц изјави дека не може секогаш сите да бидат задоволни.
Истиот ден, германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек предупреди дека екстремните сили го киднапирале протестот на фармерите и повика на заштита на демократијата.
Роберт Хабек, кој е и министер за економија на Германија, објави видео порака на социјалните мрежи.
„Се шират повици со фантазии за државен удар. Се формираат екстремистички групи, отворено се прикажуваат националистички симболи“, изјави тогаш Роберт Хабек.
Сепак, протестите веќе беа помалку интензивни следниот ден, за повторно да се интензивираат во средата, а истиот ден започна штрајкот на машиновозачите на „Дојче Бан“, што дополнително придонесе за сообраќајниот хаос.