ФОТО | Во Битола пронајдени над 100 пушки од балканските војни

На просторот во поранешната касарна, на локацијата каде што Општина Битола ја започна изградбата на новиот противпожарен дом, пронајдена е поголема количина на оружје, поради што градежните работи се привремено стопирани. Надлежните служби, веднаш излегоа на терен и постапуваат согласно законската регулатива. Градоначалникот Коњановски, очекува проверката на теренот и постапувањето со оружјето да бидат брзо завршени, за да може градежните работи, непречено да продолжат:

Имајќи ги предвид ваквите чести појави, Градоначалникот Коњановски и претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување, разговараа и за потребата од преземање на организирани едукативни активности во соработка со воспитно образовните институции, со цел едукација на младите за начинот на постапување и соодветно пријавување во случаи на затекнато старо оружје на одредени локации. Пренесуваат otv.mk