Жителите на Велико Тројство во Бјеловарско-билогорската жупанија веќе извесно време се восхитуваат на агрономските вештини на штркот кој успешно засадил пченка во своето гнездо, пишува klikni.hr.
Гнездото и пченката, како што се додава, се наоѓаат далеку од општинската зграда и етничката куќа на патот кон Мишулиновац и Мали Тројства. Пченката одлично расте, а штрковите го напуштија гнездото, па веројатно нема да има кој да ја жнее.