Целиот железнички сообраќај меѓу Мостар и Чапљина е во прекин од 5 часот утринава откако пет вагони од товарен воз се превртеа во градот Опине кај Мостар.
Возот превезувал шеќер, кој по превртувањето се излеал од вагонот, а пробиена е и заштитната ограда на автопералната која се наоѓала до пругата.
Полициски службеници на МУП на ХНК ја обезбедуваат локацијата, а увидот е во тек. Се очекува и доаѓање на функционер на Железниците на Федерацијата Босна и Херцеговина.
Возот се движел од Чапљина кон Мостар, а за среќа нема повредени.
Засега не е позната причината за железничката несреќа.