По година и пол Џек Николсон се врати на својата страст, односно на натпреварите на Лос Анџелес Лејкерс. Како што пишува Page Six, трикратниот оскаровец во петокот одлично расположен присуствувал на плејоф натпреварот на својот омилен клуб.
Тоа беше негово прво појавување во јавноста откако присуствуваше на натпревар на Лос Анџелес Лејкерс со неговиот син, Реј, во октомври 2021 година. Славниот актер на некој начин ја смири загриженоста на јавноста за неговото здравје, особено кога неговите најдобри пријатели открија дека тој „живее како самец“ и дека тоа навистина им пречело и ги загрижило многу.
Но, 86-годишникот се врати и очигледно уживаше во акцијата на теренот додека Лејкерси играа против Гризлис. Тој беше на своето вообичаено место покрај теренот, се ракуваше со извршните директори и разговараше со новинарите во арената Crypto.com.
Џек Николсон бил забележан со ѕвездата на „Curb Your Enthusiasm“ и ко-креаторот на Seinfeld, Лери Дејвид пред натпреварот. Актерот подоцна го прегрна Леброн Џејмс, а дуото кратко разговараше пред суперѕвездата на Лејкерс да продолжи со загревањето.
Враќањето на актерот во арената било обележано и со монтажа на неговите класични филмови, меѓу кои „The Shining“ и „Batman“, кои биле прикажани на големото платно во салата. Тој носел двоглед околу вратот и пар црни очила за сонце, кои ги извадил кога почнал натпреварот.
Николсон долго време е синоним за Лејкерс и е горд носител на сезонски билети од 1970 година. Оттогаш тој е редовен навивач, навивајќи за неговиот тим – особено во ерата на „шоутајм“ на Лејкерси во доцните 90-ти и 2000-ти години. Тој е толку тврд навивач што дури и ги приспособи своите распореди за снимање за да биде сигурен дека е слободен да го гледа секој голем натпревар на Лејкерс.
Сепак, јавните појавувања на актерот станаа поретки како што минуваа годините. Во јануари 2023 година, повеќе извори изјавија за RadarOnline дека тој „повеќе не излегува од дома“ и дека „умот му отишол“, наведувајќи ја загриженоста за можна деменција.
Николсон го поминува поголемиот дел од своето време во неговата раскошна вила во Беверли, според упатените извори и информациите на американските медиуми. Последниот проект на Николсон беше „How Do You Know“ од 2011 година во кој глумеше заедно со Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.