Во СЕЛОТО Брезна, недалеку од Никшиќ во Црна Гора, веќе 12 дена се одржува натпревар во лежење . Натпреварувачите лежат веќе 250 часа, а 13 од 21 натпреварувач кои беа таму на почетокот се откажаа.
За наградата од 1000 евра се уште се борат пет дами и тројца мажи, а според организаторите тука најмалку се важни парите бидејќи ова е пред се „многу тешка психолошка игра“.
Тие го соборија рекордот
Интересно е што натпреварувачите го соборија рекордот со 250 часа лежење, а очигледно преостанатите кандидати сериозно ја сфатиле задачата.
„Синоќа имаше навистина лошо невреме, па натпреварувачите се преселија во затворен простор. Влеговме во дванаесеттиот натпреварувачки ден и ова е навистина неверојатно затоа што лежат над 250 часа. За сите овие години ова не се случило досега и ќе биде тешко новиот рекорд да се сруши“, изјави организаторот Миќо Благојевиќ за РИНУ.
Во последните 11 дена се откажаа 13 натпреварувачи, а на самиот почеток имаше и неколку странци кои многу брзо се изморија од лежење.
Опасна конкуренција за Црногорците
Единствениот кој остана како опасен конкурент за Црногорците е натпреварувачот Јован од Крушевац.
“Тој им е опасна конкуренција, нема откажување. Има голем број фанови и цел Крушевац навива за него. Ветија дека ќе му приредат голем пречек доколку победи. И навистина, сите овие осум натпреварувачи кои останаа можат да победат.Чекаме да видиме што ќе биде“, изјави организаторот.
За потсетување, натпреварувачите имаат право на секои осум часа да одат во тоалет по десет минути, а таму каде што лежат им се носат храна и пијалоци. На натпреварот се присутни и лекари кои ги посетуваат и проверуваат натпреварувачите.