Том Брејди и Ирина Шајк наводно два дена биле затворени во луксузниот хотел „Twenty Two“ во Лондон, што е повеќе од очигледна причина гласините за нивната романса да продолжат да се вжештуваат.
46-годишниот поранешен шампион во НФЛ и 37-годишната убавица и супермодел биле забележани на иста луксузна локација од неделата до вторникот и биле видени како влегуваат во хотелот од различни влезови со разлика од само пет минути, пишува магазинот Page Six.
Том Брејди бил фотографиран како излегува од хотелот облечен во црна дуксера, фармерки, тренерки од спортскиот бренд Nike и чанта со маскирна шема, а се вели дека се упатил од хотелот до аеродромот за да полета надвор од Велика Британија. Ирина Шајк, пак, била виден во маица со пруги, шорцеви, чизми до колена, капут за дожд и очила за сонце. Во моментот кога била снимена руската убавица таа зборувала на мобилен и изгледала како да бара некого или нешто, најверојатно возило, односно возач или такси.
Двојката го направи своето прво јавно појавување во јули, кога беа забележани како се бакнуваат во автомобил по наводното помината заедничка ноќ во Лос Анџелес, набргу откако Том Брејди го финализираше разводот од манекенката Жизел Бундхен во октомври 2022 година. Ирина Шајк очигледно не губи време и решила што поскоро да започне романса со поранешниот американски спортист. Инаку, за повеќе од 13 години брак, Жизел Бундхен и Том Брејди станаа родители на синот Бенџамин (13 г.) и ќерката Вивијан (10 г.), а тој има и син Џек (15 г.) од претходната врска со манекенката Бриџит Мојнахан.
Од друга страна, Ирина Шајк и 48-годишниот актер Бредли Купер, кои се родители на 6-годишната ќерка Ли Де Сејн, раскинаа во јуни 2019 година по четири години врска.