Познатиот руски генерал Сергеј Суровикин, поранешен заменик-командант на руските воени операции во Украина, кој не е виден во јавноста по неуспешниот бунт од крајот на месец јуни на групата Вагнер и Евгениј Пригожин, наводно бил фотографиран во понеделникот во Москва, пренесува весникот The Guardian.
Да потсетиме, во периодот од неуспешниот бунт поритв руското воено раководство до понеделник, Сергеј Суровикин никаде не можеше да се види во јавноста.
Медиумската куќа Ostorozhno Media објави фотографија од Сергеј Суровикин и неговата сопруга.
Откако веќе починатиот водач на Вагнер се откажа од бунтот, се шпекулираше дека Сергеј Суровикин знаел што планира. Освен тоа, некои руски генерали наводно му помогнале на Евгениј Пригожин да го организира државниот удар.
Евгениј Пригожин јавно го пофалил Сергеј Суровикин и се сметал за сојузник на Вагнер.
Пред наводно да биде фотографиран во Москва, се шпекулираше дека Сергеј Суровикин е во домашен притвор, дека бил испрашуван, а имало и такви кои велеле дека е во злогласниот затвор Лефортово.
Сергеј Суровикин е познат по прекарот „Генерал Армагедон“.