ФОТО | ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА – Најмалку 59 мигранти се удавиле во водите крај Грција, 104 од нив се спасени

Најмалку 59 мигранти се удавиле во водите крај Грција во средата, што е најтешката несреќа од ваков вид кај нашиот јужен сосед оваа година, соопшти грчката крајбрежна стража, а јавуваат тамошните медиуми.

До пладне спасени се 104 лица, но се уште не се знае точно колку луѓе имало на бродот кога потонал, известуваат грчките медиуми.

Се плашиме дека бројот на загинати ќе се зголеми“, изјавил претставник на Министерството за поморство на Грција, кој сакал да остане анонимен за тамошните медиуми.

Бродот прв пат бил забележан од авион на ФРОНТЕКС во вторник попладне во меѓународни води на околу 80 километри југозападно од грчкиот град Пилос.

Мигрантите ја одбиле помошта на бродот на крајбрежната стража. Неколку часа подоцна, бродот се превртел и потонал.

Државната телевизија ERT објави дека отпловила од либискиот град Тобрук, кој се наоѓа јужно од Крит, а во него имало претежно млади мажи на возраст од 20 години. Тие зминале за Италија.

Официјален претставник на Министерството за поморство изјавил дека мигрантите биле главно од Египет, Сирија и Пакистан.

Речиси 72.000 бегалци и мигранти пристигнаа оваа година во Италија, Шпанија и Грција, како и во Малта и Кипар, според податоците на ОН. Повеќето од нив како крајна дестинација ја избрале Италија.

Грцијамигрантисмрттрагедија