Украинските власти соопштија дека руската армија извршила големи напади врз Запорожје и врз Херсон, при што загинаа најмалку две лица.
Воениот лидер од Запорожје Јуриј Малашко изјави дека Русите извршиле 133 напади на 21 место во овој регион, при што загинаа две лица, а двајца се повредени.
Додека при руското гранатирање на Херсон и местата покрај левиот брег на реката Дњепар повредени се 11 луѓе, меѓу кои и деветмесечно бебе.