Полицајците кои дошле на местото на настанот биле шокирани кога го виделе телото на жртвата, кое било речиси непрепознатливо.
Горан Р., кој е осомничен за убиство на сопругата Нермина Р., се бранел молчејќи во МУП на кантонот Сараево , пренесува „Аваз“.
Тој синоќа заедно со неговата мајка и роднина кои се осомничени за ова кривично дело е предаден на Обвинителството на КС.
Според информациите на „Аваз“ денеска, откако обвинителот ќе ги испита, за сите три лица ќе биде предложен едномесечен притвор.
И додека се уште се утврдува точниот мотив за убиството на несреќната жена чие тело со денови било во станот, Аваз пишува дека станува збор за брутално злосторство на кое високите полицајци и обвинители одамна не се сеќаваат.
Имено, тие наведуваат дека „Горан ја масакрирал својата сопруга Нермина“. Според Аваз, полицајците кои дошле на местото биле шокирани кога го пронашле нејзиното тело кое било речиси непрепознатливо.
Наводно, по злосторството, Горан на социјалните мрежи објавувал љубовни статуси во кои пишувал за љубовта и дека додека телото на жената било во станот. Тој објави повеќе заеднички фотографии.
Да потсетиме, на седмиот кат од пасијанс во сараевската населба Пофалиќи била пронајдена Нермина Р. За нејзиното убиство осомничени се нејзиниот сопруг Горан Р., свекрвата Л.Р. и братучедот Љ.Ј.