Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која беше една од најистакнатите „следбенички“ на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски.
Во описот на фотографијата Христијан Мицкоски накратко напиша:
„Средба силна колку Горде. Неправдата никогаш не нè скршила!“
Интересно е што оваа фотографија доаѓа токму во моменет на отворена конфронтација помеѓу Христијан Мицкоски и Никола Гуревски. Познато е дека Гордана Јанкуловска беше една од најверните „послушнички“ на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а во бомбите објавени од Зоран Заев јавноста имаше можност да слуше како без противење ги спроведува наредбите од „шефот“ односно Никола Груевски.
Веќе неколку дена трае „војната“ меѓу Христијан Мицкоски и Никола Груевски, а дали со оваа објава се праќа директна порака до Будимпешта дека Гордана Јанкуловска е на страната на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ?
За потсетување, Гордана Јанкуловска издржува затворска казна во Идризово, а во моментот има добиено одмор од отслужување на казната.
Според информациите, фотографијата е направена во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.