Во првата полуфинална вечер на Евровизија настапи и претставничката на Израел, 22-годишната Ноа Кирел.
Многумина ја сметаат оваа позната израелска актерка, пејачка и судија во израелското шоу за таленти „Israel’s Got Talent“ за најжешката натпреварувачка, а таа веќе има обожаватели меѓу другите изведувачи и нации.
Таа со синоќешниот настап ја осветли салата во Ливерпул, а најголем впечаток остави предизвикувачкиот танц кој го изведе на крајот од настапот.
Инаку, Ноа Кирел го објави својот деби-сингл кога имала само 14 години, а потпишала договор со Atlantic Records на 18. Во меѓувреме добила бројни награди, меѓу кои и за најдобар израелски изведувач на MTV Europe Music Awards.
Младата пејачка на социјалната мрежа Инстаграм ја следат повеќе од 1,4 милиони луѓе, со кои ги споделува приватните и моментите од кариерата.