Јаник Синер во вистински трилер натпревар успеа да го победи Новак Ѓоковиќ и славеше со 2:1 во сетови во второто коло на завршниот Мастерс во Торино.
Италијанецот одигра навистина маестрално, но имаше и голема помош од публиката, која му правеше многу маки на Новак Ѓоковиќ во текот на целиот натпревар. Србинот подоцна му ја честиташе победата на Јаник Синер, а италјанските медиуми почнаа да го величаат овој триумф, но и го нападнаа Новак Ѓоковиќ како никогаш досега.
Gazzetta dello Sport објави фотографија на која Новак Ѓоковиќ му ја предава круната на Јаник Синер и во описот додаде:
„По три порази, Јаник Синер најде начин да го совлада Новак Ѓоковиќ за првпат во кариерата. Дури и Новак Ѓоковиќ го пофали талентот на Италјанецот, а Јаник Синер докажа дека може да игра против секого“.
Објавата на Gazzetta dello Sport на социјалните мрежи можете да ја погледнете ОВДЕ.
Се чини дека Италијанците со оваа порака „истрчаа пре далеку“ бидејќи Јаник Синер е се уште многу далеку од круната и Новак Ѓоковиќ нема намера да му ја предаде. Како тоа ќе се одрази на Србинот, останува да видиме.