ФОТО | Го прослави пласманот на Албанија на ЕП, па предизвика хаос во Србија: Маичката што ја носеше албанскиот фудбалер сее страв во соседството

Фудбалската репрезентација на Албанија по втор пат во својата историја се пласираше на Европското првенство, а по натпреварот Илбер Рамадани облече дукс за кој практично сите во Србија ќе кажат дека е огромна провокација.

Еден од главните играчи на албанската репрезентација е 27-годишниот играч за врска Илбер Рамадани, кој сега настапува за италијанскиот Лече.

По завршувањето на натпреварот, Илбер Рамадани беше еден од играчите кои даде изјава, а пред камерите застана во црн дукс со ликот на основачот на ОВК, Адем Јашари, кој во Србија важи за терорист, а овој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Инаку, овој играч од средниот ред е роден во Германија во 1996 година, но израснал во Косово, каде што ја започнал фудбалската кариерата. Интересно е да се напомене дека минатата сезона Илбер Рамадани играше заедно со македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во Абердин каде исто така имаше одлична сезона и замина во Лече.

АлбанијаИлбер РамаданиСрбијафудбал