„Северна Македонија да го забрза процесот на интеграција и уставни измени за да ги продолжи преговорите за членство во ЕУ“, порача денеска потпретседателот на Сејмот, Ришард Терлецки на средбата со првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Како што соопшти Кабинетот на Груби, соработката меѓу двете земји, процесот на уставните измени и патот на евроинтеграциите, беа дел од разговорот на средбата со полската делегација.
Двајцата соговорници оценија дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е одлична и има простор за уште поголемо интензивирање.
Груби ја поздрави поддршката на Полска за интегративниот пат на земјата, додека Терлецки ја потврди поддршката за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.