На „Денот на знамето на Република Албанија“, 29. ноември, група Албанци од Косово направиле хаос во Портогруаро, предградие на Венеција.
Најмалку дваесет Албанци го блокираа „Корсо Мартири“ со своите автомобили, а потоа, и покрај забраната за автомобили, се упатиле кон плоштадот „Република“ во тој град и се обиделе да го подигнат албанското знаме на еден од најголемите јарболи.
Тој јарбол, како што пишува La Nuova Venezia, е резервиран за италијанската тробојка.
Овој инцидент предизвика гнев кај жителите на Портогруаро, бидејќи многу жители беа разбудени од вревата, а некои повикаа полиција, која не интервенирала.
Сепак, како што пишува италијанскиот весник, службениците во цивилна облека ја следеле ситуацијата од терен.
На Албанците сега им се закануваат кривични пријави и административни санкции, пред се за блокирање на сообраќајот, како и за бучава и оштетување на државен имот, а целата драма на полошадот во овој италјански град можете да ја погледнете ОВДЕ.