Една од најпопуларните пејачки во овој регион, Маја Беровиќ, неодамна се врати на забавната музика и ги воодушеви обожавателите со новиот албум.
Таа редовно настапува и е една од најбараните артисти од Србија, а често настапува и во Македонија. Пред неколку дена таа ја запали и публиката во Црна Гора.
Иако Маја Беровиќ не е претерано активна на социјалните мрежи, таа ги изненади своите обожаватели кога на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографии во минијатурен костим за капење.
Пејачката која се породи пред само година и половина позираше во шарени бикини.
Нејзините атрибути, гради, колкови и задник беа во преден план, а многумина беа воодушевени и од рамниот и совршен стомак на музичката ѕвезда.