Една од најпознатите балкански музички ѕвезди, Северина Вучковиќ, со години е на естрадата, но не престанува да интригира, без разлика дали се работи за нејзиниот приватен или деловен живот.
Неодамна ја изненади јавноста кога среде настап го смени текстот на една нејзина позната песна за да го задева бившиот партнер, а сега, според многумина се надмина себеси.
Во Хрватска на еден од настапите, како и обично, направила луда журка и хаос, а публиката инстантно паднала во транс, а во таа прилика некој директно пред неа фрлил парче долна машка облека.
Северина ги земала гаќите и ги помирисала на сред бина и продолжила да пее. За ситуацијата да биде уште поинтересна, таа го сподели ова на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Овој гест на пејачката беше проследен со громогласен аплауз и смеа, а Северина уште еднаш испиша историја кога се во прашање ударните потези.