ФОТО | ДВЕ ЛЕГЕНДИ – Новак Ѓоковиќ веднаш му се поклони на Златан Ибрахимовиќ по веста за пензионирањето – упати трогателна порака!

Златан Ибрахимовиќ во неделата стави крај на сите шпекулации и ја заврши својата играчка кариера на 41-годишна возраст. Тој по натпреварот помеѓу Милан и Верона им се обрати на навивачите и порача дека е време да му каже „збогум“ на фудбалот.

Рекордерот на шведската репрезентација со 62 гола на 121 натпревар подоцна седна пред новинарите и додаде дека – „од утре ќе биде ослободен од фудбалскиот свет“. Тој не сакаше да даде детали за неговата одлука да се збогува, но со задоволство одговори на прашањето кој ќе биде негов наследник.

Никој! Има само еден Златан. Како момче ме споредуваа со Марк ван Бастен, но тој е тој што е и јас сум тоа што сум јас. Можеби има сличности, но споредбите не се потребни. Се сомневам дека ќе има друг Златан со вакво его“, изјави тој.

Новак Ѓоковиќ е првата голема ѕвезда која му оддаде почит на социјалните мрежи откако објави дека се пензионира. Српскиот тенисер ја искоментира веста од Милано со објава на социјалната мрежа Инстаграм.

Ти си најјак брате Ибра“, напиша Новак Ѓоковиќ покрај фотографијата на Златан во дресот на Милан

Двете легенди имаат долгогодишно пријателство, а неодамна заедно го следеа натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Милан и Интер, а Ибра го посети во соблекувалната во Торино на крајот на минатата година, откако Новак го освои финалето на АТП.

Златан ИбрахимовиќМиланНовак Ѓоковиќфудбал