Најмалку две лица загинаа, а шест лица се ранети во пукање на градилиште во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, соопштија во четвртокот локалните власти, а пренесе медиусмката агенција Reuters.
Според полициското соопштение, напаѓачот е мртов и повеќе нема ризик од нов инцидент.
„Пукањето во една од најпрометните улици во центарот на градот е задушено и е изолиран инцидент“, соопшти полицијата на Нов Зеланд, додавајќи дека нема ризик за националната безбедност.
Инцидентот се случил само неколку часа пред првиот натпревар на Светското првенство во фудбал за жени кое започнува во Окленд.
Премиерот Крис Хипкинс изјавил дека фудбалскиот турнир ќе се одржи според планираното, истакнувајќи дека пукањето е дело на поединец и дека полицијата не бара никој друг во врска со инцидентот.
„Не е утврдена политичка или идеолошка мотивација за пукањето, така што нема ризик за националната безбедност“, нагласил Крис Хипкинс за време на прес-конференција.
Тој, исто така, истакнал дека нема да има промени во нивото на безбедносна закана на Нов Зеланд.