Поранешниот тенисер Борис Бекер (55 г.) уживал во елегантна вечера во Тоскана, Италија, со својата девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро. Борис Бекер за оваа пригода облекол темен костум, но тој остана во сенка на гламурозната партнерка која блескаше во портокалов фустан со змиски принт.
Поранешниот германски тенисер се појави во јавноста откако отслужи осум месеци затворска казна од осудените две и пол години што ја доби за криење на имот и заеми во вредност од 2,5 милиони фунти откако прогласи банкрот.
Но, германскиот тениски ас, кој беше ослободен во декември, а потоа депортиран од Велика Британија, сега се чини дека го оставил тоа ужасно искуство зад себе и се препуштил на уживањето со својата партнерка.
Се шпекулираше дека Борис Бекер ја запросил во историската катедрала во Милано во текот на летото, три години откако тој се раздели од поранешната сопруга Лили во 2018 година по девет години брак.
Лилијан де Карваљо Монтеиро беше покрај Борис Бекер додека присуствуваше на судските рочишта, па дури и го бакна за збогум кога мораше да оди во затвор минатата година.
„Борис Бекер е неверојатно благодарен на Лилијан што се држела до него во најтешкиот период од неговиот живот. Тој кажа дека таа го спасила и дека никогаш нема да ја заборави. Таа е жената на неговиот нов живот“, открил близок извор за тенисерот за The Sun.
Која е Лилијан де Карваљо Монтеиро ?
Лилијан де Карваљо Монтеиро, кој живее во Лондон, е аналитичар за политички ризик со три дипломи, вклучително и магистер по африкански студии од Факултетот за ориентални и африкански студии и зборува пет јазици, вклучувајќи го и германскиот.
Таа е родена во малата африканска држава Свети Тома и Принцип, која се состои од два острова, и е ќерка на Виктор Монтеиро, поранешен министер за одбрана, кој се кандидираше за претседател во 2014 година. Лилијан де Карваљо Монтеиро поголемиот дел од својот млад живот го поминала во Рим каде посетувала приватно училиште пред да студира на Универзитетот Ла Сапиенца.
Таа била во нејзините 40-ти години кога за прв пат го запозна таткото на четири деца Борис Бекер – кој претходно беше во брак два пати, со Лили помеѓу 2009 и 2018 година и Барбара Бекер од 1993 до 2001 година.
Борис Бекер прогласи банкрот во јуни 2017 година, кога им должеше на доверителите речиси 50 милиони фунти поради неплатен заем од повеќе од три милиони фунти на неговиот имот во Мајорка, Шпанија.
Тој префрлил околу 390.000 фунти од својата деловна сметка на други, вклучувајќи ги и сметките на неговите поранешни сопруги Барбара и Лили. Тој, исто така, не го пријавил својот дел од имотот од 1 милион фунти во неговиот роден град Лејмен во Германија, сокрил банкарски заем од речиси 700.000 фунти (вреден 1,1 милион фунти со камата) и исто така сокрил 75.000 акции во технолошка компанија, проценети на 66.000 фунти.
Борис Бекер беше затворен во април минатата година. Тој помина осум месеци зад решетки во Велика Британија пред да биде ослободен и депортиран во Германија во декември.