ФОТО | ‘ДОЖД ОД РАКЕТИ’ – Русите го претворија трговскиот центар во Одеса во прав и пепел, има жртви, а сцените се шокантни – погледнете

Три лица се повредени по ноќните ракетни напади врз областа Одеса во Украина, потврди гувернерот на тој регион, јавуваат светските медиуми.

Добивме информации за три жртви како резултат на нападот на руските терористи во Одеса“, напиша Олег Кипер во објава на социјалната мрежа Телеграм.

Според информациите, во нападите бил погоден трговскиот центар, каде потоа избил голем пожар.

Најголема штета претрпе трговскиот центар. Тројца нивни вработени се повредени. Оштетени се и станбени згради, згради на образовни институции, автомобили, аптека и студентски дом на високообразовна институција“, се наведува во извештајот што го објавија украинските медиуми.

војнаОдесаРусијаУкраина