Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, на социјалната мрежа Инстаграм сподели емотивна објава за смртта на неговата баба односно мајката на неговата сопруга Меланија Трамп, Амалија Кнавс.
На овој начин Доналд Трамп и оддаде почит на мајката на неговата сопруга Меланија Трамп.
„Ова е тажна ноќ за целото семејство Трамп. Прекрасната и убава мајка на Меланија, Амалија, штотуку замина на прекрасно место на рајот. Беше неверојатна жена, немам зборови да опишам колку ќе ни недостига“, напиша Доналд Трамп и сподели нивна заедничка фотографија.
Амалија Кнавс е родена во Југославија во 1945 година, на територијата на Словенија, а во младоста работела во фабриката „Јутрањка“ во Севница, откако се преселила од селото Рака.
Амалија Кнавс и нејзиниот сопруг Виктор прво ја добија ќерката Инес, а потоа се роди Меланија во 1970 година.