Неколку аеродроми во Франција денес беа повторно евакуирани по добиени закани за бомби.
Bloomberg објави дека ова се случило еден ден откако вчера беа евакуирани аеродромите во Франција и Белгија поради истата причина.
Регионалните власти во Монпеље наводно на социјалната мрежа Х (Твитер) објавиле дека тамошниот аеродром е евакуиран поради закана за бомба.
На истата социјална мрежа беше објавено дека во 11 часот е извршена евакуација на аеродромот во Лил, кој сега постепено повторно се отвора.
Француските медиуми претходно објавија дека регионалните аеродроми во Бордо, Нант, Лил и Монпеље се евакуирани.
Наведено е и дека е извршена евакуација на аеродромот „Бове“, кој го користат нискобуџетните авиокомпании во парискиот регион, како и аеродромот „Тарб-Лурд“ во југозападниот дел на регионот на Пиринеите.