Министерството за одбрана на Бугарија денес соопшти дека испратило специјален тим за проверка и деактивирање на беспилотно летало со експлозив што беше пронајдено синоќа во селото Тјуленово на брегот на Црното Море.
Медиумската агенција Reuters јавува дека по проверката, тимот испратен од властите на Бугарија, земја-членка на НАТО, ќе одлучи како да го уништи овој дрон.
Тјуленово е туристичко одморалиште кое се наоѓа на 70 километри јужно од границата со Романија и спроти полуостровот Крим, кој е од другата страна на Црното Море.
Reuters потсетува дека овој украински полуостров беше насилно припоен од Русија во 2014 година и дека Крим сега е редовна цел на напади со украински беспилотни летала.
Се дознава дека Маријан Жечев, претседателот на општина Шабла на која и припаѓа селото Тјуленово, за бугарската телевизија NovaTV изјавил дека полицијата била информирана за откривањето на дронот синоќа околу 09:30 часот, а еден час подоцна им забраниле на луѓето да се приближат и ги отстраниле туристите од околината.
Тој изјавил дека дронот е пронајден на карпите во близина на закотвените чамци и додал дека станува збор за дрон со стандардна муниција.
Reuters јавува дека не е јасно дали дронот паднал од небо или бил исфрлен на брегот од морските струи.
NovaTV цитираше очевидци кој велат дека дронот бил долг меѓу околу 3,5 метри и дека на него бил прикачен експлозив.
Романија, која е членка на НАТО, денес објави дека поднела протест до официјална Москва по случајните остатоци од беспилотно летало слични на оние што ги користи руската Армија на нејзина територија.
На почетокот на минатата недела, романските војници пронајдоа остатоци од дрон во областа Плауру, во областа Тулка, на југоистокот на земјата, во близина на романската граница со Украина.
Остатоците од дронот беа пронајдени во Романија, а една недела претходно и во Плаур, во близина на украинското пристаниште Измаил.