Новак Ѓоковиќ на социјалната мрежа Инстаграм се огласи за трагедијата што се случи пред неколку дена на Косово и Метохија и им оддаде почит на загинатите Срби.
Новак Ѓоковиќ објави трогателна фотографија која е направена пред црквата „Свети Сава“, каде граѓаните на Србија запалија свеќи за покој на душите на жртвите.
„Секоја солза му се моли на Бога, душата на секој Србин боли“, стои на фотографијата што ја сподели српскиот ас, заедно со смајли за молитва.
Во конфликтот со косовската полиција во неделата во селото Бањска на Косово и Метохија загинаа тројца Срби – Стефан Недељковиќ, Игор Миленковиќ, Бојан Мијаиловиќ.
Поради трагичните настани на Косово и Метохија, во Србија во среда беше прогласен ден на жалост.