Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ноќта меѓу среда и четврток го започнува Мастерсот во Синсинати, а во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија фотографии од неговиот одмор во Хрватска.
Србинот нема играно од Вимблдон кога во финалето беше поразен од младиот Карлос Алкараз, по што му требаше подолга пауза односно одмор за да ги наполни батериите.
Новак Ѓоковиќ заедно со семејството летуваше во Хрватска и Црна Гора, а фотографиите од Корчула откриваат колку тој навистина е добар човек и колку е посветен на тоа што го работи.
Новак Ѓоковиќ играл тенис со деца што ги запозна на островот Корчула. Децата направиле терен од две клупи, а потоа им се придружил и еден од најдобрите тенисери во историјата на „белиот“ спорт.
Тој одиграл неколку натпревари и на крајот спортски им честитал на противниците, а фотографиите кои беа споделени на социјалните мрежи станаа витниски хит.