Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат во јавноста како Боки 13, е осуден на девет години затвор поради обвинение за перење пари и случајот „Рекет“, а неодамна се појави и првата негова фотографија од затвор.
На социјалните мрежи кружи селфи фотографија од неколку затвореници кои позираат со Боки 13 во една од ќелиите.
Бојан Јовановски е речиси непрепознатлив, но може да се забележи дека и во затвор се грижи за својот изглед, а за разлика од останатите затвореници е дотеран, со капа и очила на главата.
Како што може да се заклучи, фотографијата е направена во ќелијата каде што очигледно лежи Боки 13, а на масата на сред соба има торта, што значи дека тие нешто славеле.
Погледнете како изгледа Боки 13: