ФОТО | Еве како изгледа љубовницата на принцот Вилијам! Таа и го загорчи животот на Кејт Мидлтон, а сите мислат дека принцезата е божица

Се што е поврзано со кралското семејство е под будното око на јавноста. Имено, моментално кружат гласини дека на списокот на гости за крунисувањето на кралот Чарлс III се нашло и името на Роуз Ханбери, за која се верува дека е љубовница на принцот Вилијам.

Роуз Ханбери

На овој начин долго-очекуваното крунисување повторно, по којзнае кој пат, беше ставено на втор план, бидејќи се верува дека присуството на оваа жена може да ја вознемири саканата Кејт Мидлтон, сопругата на принцот.

Иако засега ова се само озборувања, извори блиски до кралот Чарлс III за британските медиуми велат дека тој сакал Роуз Ханбери да биде таму и дека Кејт Мидлтон дала услов дека не сака да има никаква комуникација со неа доколку е присутна таа на овој историски момент. Овој ултиматум е доволна причина за медиумите да почнат да пишуваат за прељубата на принцот.

принцот Вилијам и Кејт Мидлтон

Роуз Ханбери е мажена за Дејвид Чолмондели, седмиот маркиз од Чолмондели, а нејзиниот син Оливер ќе го придружува кралот Чарлс како дел од поворката.

принцот Вилијам

За да биде приказната поинтригантна, дури имаше тврдења дека Дејвид се разведува од Роуз бидејќи тој всушност не е биолошкиот татко на нивното дете, туку дека тоа е принцот Вилијам.

И оваа вест е непотврдена, а некои извори наведуваат дека е многу можно бидејќи Роуз и Вилијам наводно почнале да се гледаат во 2014 година, а таа останала бремена кон средината на 2015 година.

Оваа афера прв пат беше пријавена во 2019 година, кога Кејт Мидлтон беше бремена по трет пат.

афераживотКејт Мидлтонкралско семејствољубовпринц ВилијамРоуз Ханбери