ФОТО | ЕДЕН ДЕН ВО ХРВАТСКА ГИ ЧИНИ ЦЕЛО БОГАТСТВО – Дејвид Бекам ужива со семејството во Хрватска, а за еден ден во овој луксузен комплекс плаќа вртоглави 10.000 евра – погледнете!

Неколку дена по освојувањето на Лига Kупот, првиот трофеј во историјата на Интер Мајами, сопственикот на клубот Дејвид Бекам со семејството замина на одмор во Хрватска.

Дејвид и Викторија Бекам минатата година летуваа на островот Лопуд и очигледно одлично си поминале, бидејќи и оваа година решиле да го посетат ова прекрасно место на Јадранот.

Поранешниот фудбалер во понеделникот пристигнаа од Мајами во Дубровник со приватен авион и веднаш се упатил кон нивната омилена дестинација – Лопуд.

Лопуд, Хрватска

Тоа е едно од најлуксузните места на хрватското приморје, каде за еднодневен престој е потребно вистинско богатство.

Дејвид и Викторија Бекам се сместени во величествениот комплекс Lopud 1483, каде што имаат сопствено обезбедување за никој да не им пречи.

Тоа е поранешен францискански манастир кој грофицата Франческа фон Хабсбург го обнови и на тој начин направи комбинација од музеј, елегантен хотел и духовно прибежиште на 21 век заедно со црква, камбанарија и манастир. Во рамките на комплексот има и Света градина.

Изнајмувањето на овој луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.500 евра.

Викторија Бекам

Со дополнителните „ситници“ што ги користат, вклучително и јахтата, еден ден во Хрватска ги чини Бекамови околу 20.000 евра. За обичните смртници големо богатство, а за легендарниот фудбалер и неговата сакана – вистинска ситница.

Дејвид и Викторија Бекам пристингаа во Хрватска со своите деца и неколку пријатели.

Викторија БекамДејвид БекамХрватска