Моделот Жизел Бундхен има сестра близначка, Патриша, која ретко се појавува со својата позната сестра на јавни настани. Но, сега направија исклучок и сестрите позираа заедно на саботната гала Луз Алијанс во Мајами.
„Ова беше мојата прва гала и не можев да го направам без сестра ми Пати која вредно работеше со фондацијата да ја организира оваа специјална вечер“, изјави Жизел за магазинот People по настанот.
Тие се многу блиски
„Многу е посебно што таа е овде вечерва. Работеше толку напорно за да го организира овој настан како што напорно работи секој ден“, додаде таа.
42-годишната Жизел и Патриша имаат уште четири сестри – Грациела, Габриела, Ракел и Рафаела. Но, манекенката е најблиска со својата сестра близначка. “Ние сме многу блиски бидејќи, како што знаете, ние сме близнаци. Си веруваме еден на друг, секогаш го сакаме најдоброто еден за друг и тоа е бесценето”, рекла Жизел.
Патриша работи и како менаџерка на Жизел и ги надгледува нејзините работи во Бразил, каде што живее со сопругот и двете деца. Иако се близнаци, по изглед не се толку слични.