Една од најпознатите млади актерки во светот, Зендаја, доживеала непријатност во саботата во Рим, бидејќи и бил одбиена влез во луксузен ресторан поради нивниот строг кодекс на облекување.
Една од најжешките ѕвезди на денешницата носела карго панталони и црн горен дел без прерамки за својот лежерен излез, а стајлингот го искомбинирала со дизајнерска чанта и чевли.
Таа се обидела да вечера во ресторанот „Terrazzi Boromini“ во Рим, што бара малку поелегантен стил за гостите.
Сепак, актерката била одбиена, иако имала резервација, поради начинот на кој таа и нејзината пријателка биле облечени, пишува Daily Mail.
По „инцидентот“, актерката завршила на вечера во блиската пицерија.