Актерката Меган Фокс (37 г.) со најновите објави на социјалната мрежа Инстаграм вели дека се вратила во природата. Таа позираше на дрво во бикини толку минијатурно што долниот дел беше речиси невидлив.
„Ако вака изгледа диво животно, би му дозволил да ме истепа“, прокоментирал вереникот на Меган Фокс, Кели, на дивата фотографија од неговата партнерка.
„Шумата е мојот најстар пријател“, напишала таа во описот на фотографиите и видеото.
На фотографиите Меган Фокс носи минијатурно зелено бикини и лази по гранка од дрво, а од бикините се гледаат само тенки линии од тангата, па се чини дека е гола. На една фотографија Меган Фокс прегрнува дрво додека седи на гранка и гледа во дивината додека косата ѝ ја дува ветрот. Последно во објавата е видео од Меган Фокс како лази по гранка и позира во секси поза.
Погледнете ја објавата на Меган Фокс ОВДЕ.
Меган Фокс пред неколку дена се пофали со фотографија без гаќички на која се гледа дека се ослободила од тетоважата посветена на поранешниот сопруг Брајан Остин Грин која ја имала на бутовите. Тетоважата со името „Брајан“ ја покрила со цвеќиња и змија. Со поранешниот партнер, Меган Фокс има три сина Ноа (10 г.), Боди (9 г.) и Џорни (6 г.).