Бразилската манекенка и поранешен ангел на Victoria‘s Secret, Изабел Гуларт и нејзиниот вереник, германскиот голман Кевин Трап, уживаат на одмор на островот Миконос во Грција.
Заљубениот пар попладнето го поминало уживајќи во различни спортски активности покрај базен, а секој слободен момент го искористиле за жешки бакнежи и прегратки.
Убавицата во еден момент скокнала во прегратките на саканиот, а тој не ја пропуштил можноста за романтични бакнежи, кои папарацо-новинарите неуморно ги следеле.
Изабел Гуларт го привлекла вниманието на сите во минијатурно портокалово бикини кое ја истакнува нејзината затегната и исончана фигура.
Двајцата се запознале на модна ревија во Париз, а наводно почнале да се забавуваат во 2015 година. Тие се верија во 2018 година, а Изабел Гуларт ја сподели радосната вест на социјалните мрежи пишувајќи: „Кога ќе сретнете некој кој во секој поглед ви го менува животот, вие сте сигурни дека ова е вистинската личност за вас“.