Новак Ѓоковиќ уште еднаш докажа дека е најдобриот тенисер на планетата.
Новак Ѓоковиќ го освои Мастерсот во Париз, ја зголеми разликата во однос на Карлос Алкараз на АТП листата и беше блиску до испишување нови страници во историјата.
На церемонијата на доделување на пехарот, на неговиот зглоб блесна часовникот, кој ги воодушеви сите во Париз и привлече огромно внимание. Новак Ѓоковиќ го носел „Big Bang Unico Yellow Magic“ во режија на Hublot, со кого соработува веќе извесно време, а многу е интересно што на планетата има само 250 такви часовници.
Новак Ѓоковиќ е еден од ретките среќници што може да се пофали со ваков часовник, а цената е вистинско богатство – 28.300 долари.
Часовникот има радиус од 42 милиметри, рамката е изработена од жолта керамика и поради специфичната боја, но и самото име, во светот е познат како „жолта магија“.
Новак Ѓоковиќ е познат како голем љубител на часовници и ова е уште еден во неговата богата колекција, но е и примерок кој особено ги воодушеви сите.