Во средата, 17. мај, Ками Рита се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест по 27-ми пат.
Ками Рита (53 г.) од Непал во средата на 17. мај по 27-ми пат се искачи на Монт Еверест, пишува Deutche Welle. Тој со ова го собори сопствениот рекорд на „светскиот покрив“.
„Да, Ками Рита се искачи по 27-ми пат на Сагармата!“, изјавил претставникот на Министерството за туризам, Бигјан Коирала, мислејќи на планината по нејзиното непалско име.
Ками Рита го држеше својот рекорд од 2018 година кога по 22-ри пат се искачи на Монт Еверест.
Осум од десетте највисоки врвови во светот се наоѓаат во Непал, земја која секоја година ја посетуваат стотици алпинисти на пролет, кога температурите се малку повисоки, а ветровите се генерално мирни. Мај е идеален месец за искачување бидејќи е ведро време пред доаѓањето на монсуните од југ, кои носат облаци и снег на врвовите, или дожд во пониските предели.