Актерката Хали Бери (56 г.) на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави фотографија која предизвика колапс во првите часови од новата 2024 година!
Хали Бери им честиташе Нова година на обожавателите со фотографија од лифт, облечена во златна јакна, под која носела црна, чипкаста долна облека. Комбинацијата ја комплетирала со високи потпетици, по што за само два часа објавата им се допадна на 200.000 луѓе.
Меѓу многуте честитки и пофалби за нејзиното извајано тело во шестата деценија, Хали Бери „изеде“ и пар критики.
„Вие сте дама, зошто треба да се фотографирате ваква, како некоја старлета“, гласеше коментарот кој потоа доби „милион“ одговори во корист на актерката.
Погледнете ја фотографијата која предизвика хаос ОВДЕ.
За потсетување, Хали Бери неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите бидејќи конечно се разведе од Оливие Мартинез по осум години судски спор.