ФОТО | Излегуваат нови детали за обвинението против Доналд Трамп – во бањата ги чувал документи за американската нуклеарна програма !? Погледнете ги објавените фотографии!

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, е официјално обвинет дека незаконски чувал стотици доверливи владини документи на неговиот имот на Флорида по напуштањето на функцијата!

Федералните обвинители наведуваат во обвинението дека ова вклучува документи со детали за американските програми за конвенционално и нуклеарно оружје, или потенцијални слаби точки во одбраната на САД и плановите за одговор на странски напад.

Поранешниот претседател Доналд Трамп (76 г.) чувал кутии со документи низ неговиот имот односно во неговата бања, канцелариските простории, спалната соба, дневната соба, кујната итн… се вели во обвинението од 49 страници поднесено во четвртокот пред федералниот суд во Мајами.

Обвинителите тврдат дека Доналд Трамп не се противречел од прикажувањето на доверливите материјали, вклучително и „план за напад“ врз Иран, подготвен од претседателот на генералштабот на САД, генерал Марк Мили.

Недели подоцна, се наведува во обвинението, Доналд Трамп му покажал на претставникот на неговиот комитет за политичка акција „класифицирана карта“ поврзана со воена операција.

Го предупредил да не се доближува многу, признавајќи дека не треба да го покажува тоа“, се наведува во обвинението објавено од американските медиуми.

Личниот асистент на Доналд Трамп, Волт Наута, доби дополнително обвинение за давање лажни изјави пред федералните истражители.

Првиот федерален случај поднесен против поранешен претседател вклучува 31 точка за намерно задржување информации за националната одбрана, една точка за заговор за попречување на правдата, една точка за задржување документ или запис, една точка за коруптивно прикривање документ или запис и една точка за давање лажни изјави.

Доналд ТрампСАД