ФОТО | Има 55, а изгледа како да е во 20-тите години од животот! Никој не може да поверува какво тело има во шестата деценија од животот – актерката продолжува да ги освојува срцата на обожавателите

Светската јавност добро ја познава згодната Дона Дерико од популарната серија „Baywatch“, а и денес нејзиниот изглед ги тера луѓето да воздивнуваат кога и да се појави таа.

Многумина се прашуваат на што актерката го должи својот младешки изглед, а таа во една прилика откри како се грижи за себе, како и дека критикувањето на жените врз основа на нивната возраст е многу неправедно.

Мислам дека критикувањето на жените врз основа на нивната возраст е неправедно. Мажите не се соочуваат со истиот надзор, а мислам дека и тие не би го сакале тоа. За жал, знам дека тоа нема да исчезне бидејќи тоа е дел од нашата култура“, изјавила убавата актерка еднаш.

Таа признала дека за се е „виновна“ растителна исхрана до која строго се придржува и дека веганството за неа било вистинско откритие.

Искусив бројни придобивки, како почиста кожа, подобро варење, подобар сон, поради тоа“, кажала таа во едно од интервјуата.

Кога станува збор за нега на кожата, таа се труди да не експериментира премногу, па нејзината рутина е многу едноставна.

Едноставно, мислам дека не треба да бидеме притиснати да го пробаме секој производ кој тврди дека е нов најдобар. Користете го она што навистина и одговара на вашата кожа и обидете се да ги одржувате чекорите за нега што е можно поедноставни“, истакнала актерката.

Да потсетиме, Дона Дерико отсекогаш имала совршена линија, која ја прослави кога играше улога во познатата серија „Baywatch“ од 1996 до 1998 година. Актерката, како и нејзините колешки, во серијата трчаше на плажа во црвен едноделен костим за капење кој ги истакна нејзините занесни облини, a обожавателите „лудуваа“ по неа.

Погледнете како изгледа таа денес ОВДЕ.

Дона Дерикоживотздравје