Секако дека Џенифер Лопез не може да изгледа лошо во долната облека.
Најновите фотографии ги преплавија социјалните мрежи, бидејќи латино дивата изгледа попредизвикувачко и попровокативно од било кога. За комплиментите да бидат уште позначајни, ќе ве потсетиме дека Џеј-Ло има 54 години. Не е сè заслуга на мајка природа – пејачката и актерка е позната по тоа што тренира и се храни здраво со години.
Најновите фотографии предизвикаа големо внимание. Таа направи серија за познат бренд и многумина ја опишаа како „олицетворение на сензуалноста“. Таа позираше со разбушавена коса, заводлив поглед и насмевка. На нив гледаме совршена долна облека, како и лице без брчки, совршени стомачни мускули, затегната и чиста кожа, а фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Секако, таа доби многу комплименти, но што се крие зад овие фотографии ? Џенифер Лопез никогаш немала проблем да покаже како изгледа без шминка. Таа често објавува фотографии сосема природна, а тоа ги поттикна обожавателите да сакаат научниците да се занимаваат со неа. Како што истакнаа, не е можно некој да изгледа толку младешки. Затоа и овие совршени фотографии во долна облека кријат една вистина – Џенифер Лопез е и жена од крв и месо која има целулит.