Кралицата на попот Мадона на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели видеа и фотографии од концертот што го одржа во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк и ја пофали раперката Токиша, која и се придружи на сцената, а една фотографија особено го привлече вниманието на обожавателите.
Пејачката сподели како дели страстен бакнеж со Токиша, која некои ја нарекуваат Мадона од Доминиканската Република, пишува Daily Mail. Бакнежот бил вграден во настапот во кој провокативно танцуваат, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Ова не е прв пат Токиша и Мадона да бидат фатени како се бакнуваат. Пред две години, тие се најдоа на насловните страници за гушкање на сцената на прославата на гордоста во Њујорк. Уметниците се пријателки долги години, а во 2022 година соработуваа на ремиксот на хитот на Мадона „Hung Up“.
Гласините се вртеа дека нешто се случува меѓу нив, но Токиша стави крај на шпекулациите инсистирајќи дека нивните бакнежи не се сексуални, туку се направени за публицитет.
„Бакнувањето е како да разговарате со нас. Тоа не е ништо сексуално, повеќе е како вибрација“, објасни Токиша.
Покрај раперката, Мадона ги бакнуваше и Бритни Спирс и Кристина Агилера на доделувањето на „MTV Video Music Awards“ во 2003 година. Потоа и таа заврши на насловните страници на медиумите, а настанот стана познат момент од поп културата. Мадона и Бритни Спирс дури го рекреираа во 2022 година.